Две лица од Охрид правеле измами во системот на Фудбалската федерација на Македонија СВР Охрид – Одделението за криминалистичка полиција и Одделението за економски криминал поднеле кривична пријава против Ц.М и Н.Ц поради сомнение за сторени две кривични дела – „Фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и „Измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, пријавените, во својство на претседател и секретар на ...

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Ц.М.(47) и Н.Ц.(39), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“. Првопријавениот, во својство на претседател, а второпријавениот во својство на секретар на Општински фудбалски сојуз Охрид, искористувајќи ја својата положба во сојузот и пристапот во системот на Фудбалската федерација на Македонија, во текот на 2024 година во ...