Израел изврши напад врз Бејрут, тврдејќи дека бил убиен началникот на штабот на Хезболах, Хајтам Табтабаи. Загинаа пет лица, а 25 се повредени. Нетанјаху рече дека нападите се одговор на обидите на Хезболах да ги обнови воените капацитети и ја повика либанската влада да го спроведе разоружувањето. „Очекувам либанската влада да ја исполни својата обврска за разоружување на Хезболах, бидејќи само на овој начин секој граѓанин во Либан ќе може да ...

Се работи за највисоко рангиран функционер на Хезболах убиен од крајот на војната меѓу проиранското движење и Израел пред речиси една година. Израелската војска во неделата вечер објави дека во овој петти напад врз јужниот дел од градот од почетокот на прекинот на огнот, каде што е сместен Хезболах, го убила Хаитам Али Табатабаи, кој се смета за „началник на штабот“ на Хезболах. Извор близок до Хезболах ја потврди информацијата за неговата смрт ...