Нион, 29 јануари 2026 (МИА) – По завршувањето на осумте кола, познати се 24 екипи кои продолжуваат во следната рунда на фудбалската Лига на шампиони. Осумте учесници кои обезбедија директен пласман во осминафиналето се: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер сити. Тимовите рангирани од 9. до 24. место: Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл Јунајтед, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, верува дека неговиот тим заслужи да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Во последниот натпревар од генералната фаза, наполитанците синоќа загубија со 3:2 дома од Челзи. Наполи заврши на 30. место на табелата и ја заврши својата европска кампања. – Финалниот натпревар направи разлика. Противниците беа немилосрдни во последната фаза. Но, сепак сме горди на тимот, игравме добро и заслуживме ...

