Вардар 1961 е елиминиран во четвртфиналето на Европската лига. Француски Монпелје не дозволи во Скопје да загуби со 10 или повеќе голови разлика, па вечерашната победа на Вардар од 27-24 е само мала утеха за Црвено-црните. Во 37-ма минута Вардар имаше седум голови предност и тогаш постоеше надеж дека може да се направи чудо и да се победи со двоцифрена разлика. Но, гостите предводени од голманот Дебоне не дозволија нивната негатива да ...

Иако на моменти изгледаше дека е блиску, Вардар не успеа да ги надополни десетте гола негатива од првиот натпревар, а од настапот во Европа се прости со победа во четвртфиналето над Монпелје со 27-24. На домашен терен Вардар одигра многу подобро отколку од пред седум дена во Франција, Монпелје водеше само со почетните 1-0 и во продолжение констатно македонскиот претставник ја имаше предноста на своја страна. Одличен на голот беше Влах кој ...