Дури 62 проценти од целата енергија што ја трошат македонските домаќинства оди за загревање на домовите, покажува анкетата за потрошувачката на енергија во домаќинствата на Државниот завод за статистика. Според овој документ, која ја анализира 2024 година, греењето и натаму е убедливо најголемиот трошок за енергија, далеку пред користењето електрична енергија за апарати, осветлување или подготовка на храна. Истражувањето покажува дека ...
Според податоците од Анкетата за потрошувачка на енергија во домаќинствата, во 2024 година просечната површина на живеалиштата изнесува 91.93 м², просечната површина која се загрева 49.99 м², додека просечниот број лица по домаќинство изнесува 3.04. Во структурата на користени енергенти за греење, најголемо учество има дрвото како енергент, односно огревното дрво, дрвото од овошни насади и дрвените отпадоци прикажани како една категорија, со ...

