„Кимоно инспирации“ e насловот на изложбата на реномираниот костимограф и режисер Благој Мицевски на 10 мај ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје. Изложбата, која претходно беше поставена во Битола, содржи костими инспирирани од јапонското традиционално кимоно дизајнирани за претстави на Народниот театар во Битола, но и кимона кои се направени за изложбата. Изложбата е поддржана од Јапонската амбасада, а е во организација на „Пагода“. ...

По успешното претставување пред битолската публика, изложбата „Кимоно Инспирации“ на костимографот и режисер, Благој Мицевски, доаѓа во Музеј на Град Скопје. Отворањето ќе биде на 10 мај, со почеток во 19:30ч, а изложбата ќе биде достапна за скопската јавност до 14 мај. Изложбата вклучува дизајнирани костими инспирирани од јапонското традиционално кимоно кои се повлечени од депото на Народниот театар од Битола од претстави во кои се играле, но ...