Три лица загинаа, а 21 се повредени во експлозија што синоќа се случи во ресторан во центарот на Москва. Иако првичните информации на социјалните мрежи упатуваа на истекување на гас, руските истражители соопштија дека експлозијата била предизвикана од експлозивна направа. Според руската државна агенција ТАСС, повикувајќи се на Националниот антитерористички комитет, жена се обидела да внесе експлозивна направа во ресторанот, но била запрена од ...
Локални руски медиуми, објавија дека бомбата била наменета да убие и осакати гости на летната тераса од ресторанот, каде славел роденден генерал Александар Чаико, командант на руските воздухопловни сили. Три лица загинаа, а најмалку 21, според последните информации, се повредени во експлозија што синоќа избувна во близина на едно кафуле во центарот на Москва, потврди руското Министерство за внатрешни работи. Полицијата соопшти дека ...

