Лучијано Спалети со право е исфрустриран откако раководството на Јувентус цел јануари не успеа да му ја исполни желбата – и да донесе нов голгетер во редовите на „старата дама“. Прва опција беше Матета, но тие разговори набрзо пропаднаа, ист беше и исходот во обидот да се доведе Ен Несири од Фенербахче. Кога се чинеше дека камбекот на Коло Муани е завршена работа и тоа пропадна откако Тотенхем одби предвреме да ја раскине позајмицата на ...

Јувентус ќе направи изненадувачки обид да ангажира уште еден нов напаѓач на крајот од трансферниот прозорец, откако се откажаа од опцијата со Рандал Коло Муани, кој ќе остане на позајмица во Тотенхем. Според италијанските медиуми, торинскиот гигант започнал преговори со Галатасарај за поранешниот голгетер и капитен на нивниот голем ривал, Мауро Икарди, чиј договор истекува на крајот на оваа сезона. Раководството на Старата дама сака да го ...