Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во пресрет на вториот круг од локалните избори во недела - 2 ноември, се пожали на притисоци и заплашувања. Тој на прес-конференција во Скопје рече дека нивни кандидати за градоначалници се соочиле со притисоци, заплашувања и злоупотреба на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. „И за време на периодот во првиот круг и во изминатите две недели сведоци сме на континуирани притисоци и врз нашите кандидати, ...
И во вториот круг од локалните избори Министерството за внатрешни работи со мобилни тимови и со дронови ќе се грижи за безбедноста на избирачките места. Според директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, обврската на полицијата е јасна – да се обезбеди мирен, безбеден и демократски изборен процес, при што како што се најавува ќе бидат преземени сите неопходни мерки со цел граѓаните слободно да го остварат своето демократско ...

