Властите на кантонот Вале објавија нов извештај за причината за пожарот што се случи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, во кој, според најновите информации загинаа најмалку 47 луѓе, а над 100 се повредени, повеќето потешко. Според сведоци кои ја опишаа несреќата за медиумите, келнерите во клубот „Констеласион“ ставиле свеќи за роденден на шишиња шампањ и така се шетале низ барот. Според објаснувањата на властитњ, во клубот се ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изрази сочувство до семејствата на жртвите од несреќата во бар во ски-центарот Кран-Монтана во Швајцарија и изрази солидарност со повредените, меѓу кои и двајца француски државјани. „Длабоки емоции по пожарот во Кран-Монтана. Моите мисли се со ожалостените семејства и повредените. На Швајцарија, нејзиниот народ и нејзините власти, им ја изразувам целосната солидарност на Франција и нашата братска ...