Велика Британија денес воведе нови санкции против вкупно 24 поединци и правни лица, меѓу кои и руските нафтени компании Татнефт, Руснефт, ННК-Оил и Руснефтгаз, кои досега не беа опфатени со санкции, како и против канадско-пакистанскиот милијардер Муртаза Лакани. Најновите мерки имаат за цел дополнително да ѝ ја отежнат на Русија глобалната трговија со нафта, пренесува Ројтерс. Денешниот пакет санкции го опфаќа и Лакани, кој претходно оваа недела ...
Велика Британија ги намали средствата за борба против руското влијание и дезинформациите во Западен Балкан, кој премиерот Кир Стармер го опиша како клучен регион за британската национална безбедност, објавува „Гардијан“. Финансирањето на Интегрираниот безбедносен фонд (ISF) на Велика Британија за Западен Балкан е намалено од 40 милиони фунти минатата година на 24 милиони фунти за 2025 и 2026 година. ИБС (ISF) се справува со заканите од највисок ...

