Тренерот на Њукасл Јунајтед, Еди Хау, истакна дека претстојниот натпревар против Барселона претставува еден од најзначајните за клубот во последните години. Англискиот тим на домашен терен ќе го пречека каталонскиот гигант во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони на УЕФА. Хау потсети на претходната пресметка меѓу двата клуба од почетокот на сезоната, кога Барселона славеше со 2-1 на гостувањето во Англија. Според него, токму тоа ...

На четири стадиони низ Европа вечерва ќе се одиграат првите натпревари од осминафиналето во најелитното клупско натпреварување во фудбалот, Лигата на шампионите. Први на терен ќе излезат Галатасарај и Ливерпул, во натпревар кој е закажан за 18:45 часот. Турскиот состав во оваа пресметка влегува со зголемена самодоверба откако во плејофот за осминафиналето успеа да го елиминира Јувентус. Од друга страна, англискиот гигант сезонава игра со ...