Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) одреди вкупен буџет од 727 милиони долари за учесниците на Светското првенство, кое годинава се одржува во САД, Канада и Мексико. Најголемиот дел од фондот, односно 655 милиони долари, е наменет за фудбалските сојузи, кои ќе бидат наградени според учинокот на нивните репрезентации. Секоја од 48-те национални федерации ќе добие по 1,5 милиони долари само за пласман на Мундијалот. За разлика од европските ...
УЕФА бара од ФИФА да го зголеми наградниот фонд и поголема помош за трошоците поврзани со учеството на националните тимови на овогодинешното Светско првенство, кое треба да генерира повеќе од 11 милијарди долари приходи. УЕФА, која го регулира фудбалот во Европа, е замолена од неколку европски асоцијации да лобира кај ФИФА во нивно име. ФИФА вети дека ќе ги реинвестира приходите во глобалниот фудбал, но организациите не знаат колкав ќе биде ...

