Синоќа фоајето на Центарот за култура Битола пулсираше во ритамот на рокот! 🎸 Со изложбата на фотографии од групата „Чоканче“ и концертот на легендарната битолска група, оживеана е приказната што повеќе од четири децении ја обликува музичката сцена на градот. Од првиот настап во 1983 година до денешните аплаузи „Чоканче“ останува симбол на бунт, енергија и автентичност. Погледнете ја фотогалеријата и почувствувајте дел од атмосферата што ја ...

42 години Чоканче, 42 години музички белег на градот и дел од македонската музичка историја. Со овие зборови би можело да се опише ретроспективното патување низ фотографии кое синоќа за битолчани го приредија музичката група Чоканче и Центарот за култура. Станува збор за изложба која го прикажува развојот на групата од нејзините почетоци па се до денес. На синоќешното отворање на изложбата, членовите на групата емотивно се потсетија на ...