Во соопштенито на ова општинско претпријатие се наведува дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура. „Затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, се предупредува ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 2-ри до 8 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП ПОЦ. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, велат оттаму, неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа, нагласуваат, ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно ...