При стеснет простор и отсуство на поддршка за критичко културно делување, во време на отворен антагонизам кон феминистичките заложби и јавни и институционално поддржани хомофобични и трансфобични политики, колку далеку може да одат и колку слободно може да се остварат културните и активистичките себеистражувачки пракси на (младите) квир/FLINTA жени*, транс* и родово флуидни луѓе? Возобновената QUEER програма на тринаесеттото издание на ...
Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО го најавува враќањето на својата QUEER програма која, во рамки на тринаесеттото издание на фестивалот, ќе вклучи изложби, разговори, работилници и перформанси посветени на локалната и регионалната квир културна сцена. Тридневната програма ќе се реализира на 30 октомври, 1 ноември и 15 ноември на повеќе локации низ Скопје, а е посветена на истражување на можностите за културна автономија ...

