Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 декември. Денеска е Илјадници младенци, убиени од цар Ирод во Витлеем. Глас се слуша во Рама, плач и ридање и писок голем. Рахил плаче за децата и не сака да се утеши, зашто ги нема. Вака пророштвото го опишува убиството на неколку илјади деца од Витлеем и околината од страна на безбожниот јудејски цар Ирод. Пред да се роди Христос, тројца мудреци од Исток, следејќи ја ѕвездата, ...

Охрид, 11. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани, според календарот на МПЦ-ОА, денеска го прославуваат денот посветен на Светите четиринаесет илјади младенци во Витлеем. Бидејќи Мудреците од исток не се вратија од Витлеем во Јерусалим за да му јават на Ирода за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите деца на возраст до ...