Дваесетина дена СДСМ секојдневно прашува како петте тони марихуана запленети во Србија успеале да ја поминат македонската граница. Одговорот, според најавите од премиерот Христијан Мицкоски, би можел да биде непријатен токму за нив, откако тој изјави дека истрагата води до лица блиски до опозицискиот блок, но и до поранешни политичари. Премиерот нагласи и дека случајот ќе биде целосно расчистен и поткрепен со докази, отфрлајќи ги обвинувањата ...
Од СДСМ велат дека Владата нема одговор за нарко-скандалот со 5 тони марихуана за која тврдат дека потекнува од Македонија. Посочуваат дека уште од почеток предупредиле оти дрогата е домашно производство, а сега и самиот Христијан Мицкоски признал дека има такви индиции. Од партијата прашуваат како толкава количина марихуана ја поминала границата и дали некој од власта помагал. Од СДСМ бараат одговорност од врвот на власта и целосно ...

