Името на Јирген Клоп повторно се најде во центарот на фудбалските шпекулации, овојпат поврзано со можен ангажман во Реал Мадрид. Сепак, германскиот стручњак реагираше смирено и со доза хумор, јасно ставајќи до знаење дека во моментов нема ништо конкретно зад тие гласини. Клоп призна дека добил неколку пораки и коментари на таа тема, но нагласи дека не постоел никаков официјален контакт со „кралскиот клуб“. Со насмевка порача дека ваквите ...
Алваро Арбелоа е само привремено решение на тренерската позиција во Реал Мадрид по отказот на Чаби Алонсо. Очекувањата се дека на лето „кралскиот клуб“ ќе добие стратег со големо искуство во сениорскиот фудбал, а на врвот на листата на желби на претседателот Перез е Лионел Скалони. Селекторот на аргентинската репрезентација со освоената титула на Светското првенство докажа дека има тренерски квалитет, но и менаџерски способности да води група ...

