Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски на денешната прес-конференција рече дека се во контакт со Фондација од Холандија која има банка на кожни графтови (ткива) за да се донесат во Македонија, за да се почне за реконструктивната фаза „На еден пациент во Солун веќе му е извршена трансплантација на кожа на рацете,“ изјави Клековски. Директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојаноски изјави дека она што радува е што ...

-Ние имаме околу стотина изгореници годишно на целата територија на Македонија во текот на една година, со тоа што тоа вклучува изгореници од пегла, од топла вода и од сите можни причини. Изгореници од пожар се најтешката категорија затоа што покрај оштетување на кожата вклучува и респираторни оштетувања. Од овие стотина случаи што ги имаме годишно, во последните четири години сме имале 28 случаи од кои шест со висок степен на изгореници, значи ...