Детроит и Кливленд многу потешко од очекувањата ги оправдаа фаворитските улоги во првата рунда во НБА плејофот, па преку мајсторки изборија место во втората рунда на разигрувањето. Пистонси како првопласиран тим на Истокот беа на работ од бездната и пред елиминација по негативата од 3:1 од Орландо, но сепак успеаја да се опорават и со трета победа во низа изборија конференциско полуфинале. На мајсторката која се играше во Мичиген, Детроит го ...

Екипите на Детроит и Кливленд со победите ноќеска во мајсторките изборија пласман во второто коло од плеј офот во НБА лигата во Источната конференција. Воедно двете екипи ќе играат меѓусебе во следната рунда. Двете серии завршија 4-3 во победи. Детроит пред своите навивачи го победи Орландо со 116:94, откако во финишот на првиот дел направи разлика и поведе со 60:47, а во третиот период на противникот му дозволи да постигна само 13 поени. ...