Огромна е кризата во ФК Победа, а нарушените односи меѓу управата на клубот и градските власти придонесоа реална да е опасноста – овој клуб да исчезне од фудбалската мапа на Македонија доколку не се појави на терен на првите натпревари од продолжението на Втората лига што ќе стартува викендов. Навивачите со години наназад со право се исфрустрирани, но еден од најприврзаните за ФК Победа, Кире Иваноски – Балче, на социјалните мрежи објави и ...
Прилеп живее со Победа со децении, близу еден век. Информацијата дека тимот ќе замине во минато, ги погоди сите оние кои што живеат со години со Победа. Ова го потврди на дело „shampion.mk“ кој излезе со вест дека прилепчанецот Кире Иваноски – Балче, пензионер, најавува – самозапалување ако тимот не продолжи да игра. „Излегувам од болница Отешево и доаѓам в сабота на натпреварот Победа – Новаци. Во спротивно земам збогум со моите прилепски ...

