Оклахома беше на прагот да претрпи трет пораз во низа во НБА лигата, но такво нешто не дозволи МВП играчот од минатата сезона, Шеј Гилџес-Александер. Најдобриот поединец на шампионот ја презема одговорноста во најтешките моменти и покажа класа своевидна за сите големи играчи, па така најпрво се избори за продолжение, а потоа целосно ја реши Јута во продолжението. Марканен постигна поени со „одбојка“ потег за предност на „џезерите“ на три ...

Eкипата на Оклахома успеа да стави крај на мини-серијата лоши резултати и да го избегне третиот пораз во низа, откако ноќеска по драматично продолжение славеше над Јута со 129-125. Апсолутен херој на натпреварот беше Шеј Гилџес-Александер. Канадската ѕвезда уфрли дури 46 поени и со кош во последната секунда од регуларниот дел го спаси актуелниот НБА шампион од пораз, носејќи му продолжение. Во дополнителните пет минути Тандер покажа повеќе ...