Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо со нетрпение го очекуваат 12 август, денот кога во период од само неколку часа ќе се случат дури три големи вселенски феномени. Истовременото преклопување на целосното затемнување на Сонцето, врвот на популарниот метеорски дожд Персеиди и порамнувањето на шест планети е вистинска реткост, поради што социјалните мрежи се преплавени со реакции – од воодушевување, па сè до теории за ...

Ретка серија астрономски феномени ќе може да се проследи денеска - утринска „парада на планетите“, делумно затемнување на Сонцето и врвот на метеорскиот дожд Персеиди. За целосно уживање во оваа глетка, освен ведро небо, ќе ви биде потребна локација подалеку од градското светло и со отворен поглед кон хоризонтот. Првиот небесен спектакл започнува уште пред изгрејсонце, кога на небото се подредуваат шест планети: Јупитер, Меркур, Марс, Уран, ...