Екипата на Баерн Минхен со стил и победа над Келн (5-1) ја заврши шампионската сезона во германската Бундеслига и го подобри голгетерскиот рекорд во Европа во најдобрите пет лиги. Со петте постигнати гола против „јарците“, Баерн Минхен дојде до 122 постигнати гола во топ пет лигите, што е втор најдобар учинок. На листата, бундеслигашот го мина Реал Мадрид кој има 121 гол, додека лидер е Торино кој во сезоната 1947/48 дал 125 гола во лигата. ...

Баерн Минхен на шампионски начин ја затвори сезоната во Бундеслигата, откако пред своите навивачи убедливо го совлада Келн со 5-1 и притоа испиша нова страница во европската фудбалска историја. Со петте гола, баварскиот гигант стигна до вкупно 122 погодоци сезонава во домашното првенство, што претставува втор најдобар голгетерски ефект во историјата на најсилните пет европски лиги. Така, Баерн го надмина Реал Мадрид, кој остана на 121 гол, ...