Амбасадата на Република Северна Македонија настрада во утринскиот руски ракетен напад врз Киев. Причинета е значителна штета на зградата во која е сместена амбасадата. Првичните информации се дека објектот не бил директна цел на руската армија, туку мета биле згради за кои се претпоставува дека ги користеле украинските безбедносни сили. Сепак, оштетувањата се сериозни. Во моментот на нападот во дипломатско-конзуларното претставништво на земјава ...
Во руски ракетен напад врз Киев погодена е амбасадата на Македонија во Украина, при што нема човечки жртви меѓу дипломатскиот персонал, но причинета е материјална штета, информираше денеска македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Амбасадата на Македонија е една од шесте амбасади, меѓу кои и на земји-членки на ЕУ, сместени во зградата погодена во денешниот ракетниот напад врз критична инфраструктура во ...