Како, на пример, да им објасниш на децата дека сме изградиле систем во кој е нормално да го видите градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски како се фали дека ослободил узурпиран тротоар на Бит Пазар сликајќи се со сопственик на трафика што со години го има узурпирано јавниот простор, и пишувајќи „со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение“. Каков добар збор, каков домаќински пристап!? Четири месеци градската власт преговара ...

Пет месеци по првичната најава за уривањето на „Али тобако“, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски кусо информираше дека денеска започнува отстранувањето на проблематичниот објект што со години ја блокираше пешачката и велосипедската патека покрај булеварот „Крсте Петков Мисирков“ кај Бит-пазар, но на само неколку метри од овој веќе непостоечки објект си постои нелегалниот премин чие затворање со месеци е толку голема и важна тема на ...