На крајот од 2024 година, вкупниот долг на корпоративниот сектор во Северна Македонија достигна 671.248 милиони денари (10,9 милијарди евра), што претставува годишен раст од 13,1% во споредба со 2023 година, покажува најновиот Извештај за финансиската стабилност кој го објавува Народната банка. Стапката на задолженост, мерена како учество на долгот во БДП, се зголеми на 70,7%, што е раст од 4,6 процентни поени во однос на претходната година. ...

Од вкупно 59.909 субјекти од корпоративниот сектор во Македонија што доставиле годишни сметки во Централниот регистар за 2024 година банките имале кредитна изложеност кон само 19.618 од нив, покажуваат податоците на Народната банка. Убедливо најзадолжени кај македонските банки се компаниите од индустријата кои на крајот од 2024 година должеле вкупно 87,1 милијарди денари (1,41 милијарди евра). Веднаш зад нив, се компаниите од трговијата, ...