Третата зимска школа не само што овозможи над четириесет странски македонисти од четири континенти да ги унапредат своите знаења од областа на македонистиката, туку и ги поттикна да продолжат со нивната посветеност, со решеност: подготвени сме и натаму да бидеме амбасадори на Македонија, македонскиот јазик, литература и култура. Уште еднаш се потврди дека и во времето што е пред нас, македонскиот јазик, литература и култура, силно ќе одекнуваат ...

Денес, „Македонија е во светот, а светот во Македонија“. Развојот на странската македонистика веќе се одвива по цврсто утврдена патека на која има јасни патокази за развојот и во времето што следи. Стиховите на великанот Ацо Шопов добиваат и нови значења и толкувања преку посветеноста на македонскиот јазик, литература и култура од страна на странските македонисти. Ова се дел од пораките со кои свечено беше отворена Третата зимска школа на ...