Изградбата на првиот државен национален податочен центар, како и создавањето услови за привлекување приватни инвестиции во оваа област, се меѓу приоритетите на Владата во дигиталниот развој. Ова го истакна вицепремиерот Александар Николоски на 21. годишна конференција на МАСИТ, посочувајќи дека вештачката интелигенција е можност што државата треба да ја искористи. Николоски нагласи дека Владата работи на создавање правна и административна ...

Вештачката интелигенција повеќе не е само технологија на иднината, туку реалност и голема можност која мора да се искористи преку создавање соодветна правна и административна рамка, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на 21. годишна конференција на МАСИТ. Тој нагласи дека државните цели се дефинирани во стратегијата SMART MK 2030, при што особено значење се дава на инвестициите во податочни центри како двигатели ...