Здравствените власти регистрираат зголемување на позитивните случаи со ковид-19 во август и септември. Епидемиолошката состојба се оценува како стабилна, а на ризичните пациенти им се препорачува нова доза вакцина. Симптомите на новозаболените се болки во грлото, течење на нос, главоболка. Тивки се утрата пред пунктот за тестирање за ковид-19 во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Скопје. Редиците пациенти со маски кои чекаат ред за да им земат ...

Во изминативе 2 недели регистрирани биле околу 300 случаи на заразени со Ковид 19 на ниво на држава, што е значително зголемување во споредба со летните месеци кога регистрираа по 20-ти случаи месечно. Се уште не е направено генетско секвенционирање, но се претпоставува дека тоа се подваријантите на Oмикрон, односно Ерис или Пирола. Во прилепскиот регион в септрември се забележани 10 случаи на ковид. Се очекува зголемена циркулација на вирусот ...