ЕКИПА во Хернинг, Стеван Цаневски Иван Џонов заработи незгодна повреда на мускулот во финишот од мечот со Португалија, се чинеше дека овој ракометар е загубен до крајот на шампионатот, но левото крило стисна заби и настапи на денешниот клучен дуел со Романија. Токму Џонов беше клучна фигура во почетните минути, во кои постигна два гола, имаше и асистенција и украдена топка, трасирајќи го патот до стартното убедливо водство. „И ден пред овој ...

За Македонија се гине. Оваа реченица не само што ја слушаме често, туку ја гледаме на дело. Секој што се најде на списокот на Кирил Лазаров беше подготвен да го даде максимумот. Никој од овие момци не се штедеше. Иван Џонов на дуелот со Португалија се повреди, беше под знак прашалник. Се чекаше до последен момент, на крајот се појави на теренот, не сакаше да ги остави своите соиграчи на „цедило“, сакаше победнички да ја завршат групната ...