Политичка заднина гледа премиерот Мицкоски во синдикалните протести за повисока минимална плата. Тој вели дека Владата, како најголем работодавач, веќе ги заокружила преговорите и договорила покачување за сите административни групи работници: здравството, образованието, а последно и со администрацијата во министерствата и правосудството, додека овие синдикални лидери, според него, имаат други мотиви. Од друга страна, опозициската СДСМ ги ...
Владата има политичка волја со измени во Законот за употреба на јазиците за да овозможи полагање на правосудниот испит и на други јазици освен на македонски. Премиерот демонстрираше подготвеност за законски измени откако Министерот за правда Филков и вицепремиерот Сали јавно разменија жешки реплики. Мицкоски вели дека на Македонија и требаат правници а не национал романтичари испраќајќи порака дека е крајно време ваквите теми да се надминат. ...
Протестите на ССМ имаат политичка заднина, инструирана, мотивирана и инспирирана од опозицијата, а Слободан Трендафилов е само прокси. Тоа јавноста деновиве ќе го види од она што ние го поседуваме затоа што заслужува да знае кои се лицата што ги блокираат улиците и каква врска имаат со лидерите на политичките партии, ќе види дека се истакнати партиски активисти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, опозицијата нашла ...

