ДУИ поднесе кривична пријава против Министерството за правда, како што велат тие, за сериозно кршење на уставните и законските обврски. Пред обвинителството тие ги навеле причините поради кои министерот Филков ја крши законската одредба за употреба на јазиците, бидејќи не дозволува правосудниот испит да се полага и на албански јазик. Беким Бериша изјави дека министерот постапувал спротивно на членот 7 од Уставот и членовите 1, 2, 3 и 9 од ...
ДУИ денес поднесе кривична пријава против Игор Филков, тврдејќи дека Министерството за правда го попречува спроведувањето на Законот за употреба на јазиците затоа што не го организира правосудниот испит и на албански јазик. Партијата бара обвинителството да отвори истрага и предметот да добие судска разрешница, а аргументот го гради врз тезата дека се нарушува уставната рамноправност и се создава дискриминација врз јазична основа. Кривичната ...

