Вкупно 11 лица се приведени во вчерашната акција на МВР спроведена во координација со ОЈО за ГОКК. Врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени биле претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на мазут. МВР информира дека едно лице е недостапно за органите на прогонот и едно лице е со мерка притвор. – До сега, ...

Истрага за единаесет лица, за злоупотреба на тендер за набвака на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во фокусот на истрагата е фирмата РКМ која го добила тендерот и нејзините сопственици Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски. „Во периодот на 2021 – 2023 година двајца осомничени, во својство на основачи и управители на кривично одговорното правно лице свесно повредувајќи ги ...