Конференција „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Олимпискиот комитет. Воведни обраќања ќе имаат министерот за спорт Борко Ристовски, шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Микалис Рокас, претседателот на Олимписки комитет, Даниел Димевски и директорот на МЦМС, Александар ...
Спортскиот сектор во земјава и понатаму се соочува со длабоки родови нееднаквости, недоволни механизми за заштита и сериозна и недоволно препознаена појава на вознемирување и насилство врз спортистките. Иако во повеќето спортски организации родовата еднаквост постои во стратегиите, овие документи најчесто остануваат необврзувачки и неимплементирани, што создава јаз меѓу декларираното и реалната состојба на терен, покажуваат резултатите од ...

