Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азевски, јавно се спротивстави на одлуката на Владата за зголемен увоз на странски работници, оценувајќи дека ваквиот чекор не ги решава суштинските проблеми на пазарот на трудот и може дополнително да ја влоши положбата на домашната работна сила. Според Азевски, наместо системски мерки за задржување на работниците во земјата преку повисоки плати, подобри услови за работа и сигурност во ...
„Одлуката на Владата предводена од Христијан Мицкоски да издаде 10 000 нови дозволи за престој и работа на странски државјани е доказ дека власта ја жртвува иднината на сопствениот народ за профитот на крупниот капитал“, реагираат денеска од опозициската Левица. Според партијата, наместо да се креираат политики за задржување на младите, „се гради модел на држава со празни домови и бизниси полни со евтина, увезена работна сила“. Левица ...

