Од денес и ГФК Охрид е во погон. Есенскиот шампион во Втората македонска фудбалска лига ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од шампионатот, во кој ќе целат враќање во елитното друштво. Клубот информираше дека во зимскиот подготвителен период ќе бидат одиграни пет контролни натпревари, а противниците ќе бидат дефинирани во следните денови. Охриѓани ја одигра најдобрата есенска полусезона во последните години и заслужено презими како ...
Ракометарите на Охрид на одличен начин го отворија пријателскиот циклус во Србија, забележувајќи убедлив триумф против домашниот Врбас од 40-21. Македонскиот тим рано ја презеде контролата врз натпреварот, а решавачката предност ја изгради уште во првиот дел, по кој на семафорот стоеше 22-13 во корист на гостите. Во продолжението, Борис Ројевиќ им даде можност на сите расположливи ракометари, но односот на силите остана непроменет. ...

