Општина Бутел нема да дозволи лоша и неквалитетна изведба на патната инфраструктура. Токму поради непочитување на стандардите, првиот изведувач на улицата „Натанаил Кучевишки“ беше стопиран и целосно отстранет од работа, по што се пристапи кон повторна, правилна реконструкција. Оваа клучна сообраќајница се реконструира по цели 40 години, а увидот во тековните градежни активности потврдува дека градежната офанзива во општината продолжува со ...

Улицата „Натанаил Кучевишки“ повторно се реконструира по 40 години. Првата санација на оваа улица била стопирана, а изведувачот на градежните работи отстранет откако било констатирано дека градбата е неквалитетна. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, изврши увид во градежните активности за повторна реконструкција на оваа улица со површина од 3.000 квадратни метри. Проектот се реализира во соработка со Министерството за транспорт ...