Бугарската влада на Румен Радев ја вгради политиката кон Македонија во својата управувачка програма со хоризонт до 2030 година, а од документот не се гледа промена на досегашната линија на Софија. Во фокусот остануваат правата на граѓаните кои се самоопределуваат како Бугари, европската интеграција и исполнувањето на веќе договорените услови во преговарачката рамка. Според анализата на „Дојче веле“, новата програма треба да биде политичка ...

Поддршка на добрососедските односи со Македонија но не безусловно туку со исполнување на преземените обврски и со реалната заштита на правата на Бугарите во Република Северна Македонија“. Ова е нотирано во отчетот за 100 дена владеење на бугарскиот прмеиер Румен Радев а во делот кој се однесува токму на односите меѓу официјална Софија и Скопје . За реализација на оваа цел е поставен рок до мај 2030 година. А во отчетот стои Румен Радев ...

Владата на бугарскиот премиер Румен Радев го внесе билатералниот спор со Македонија во својата „Програма за управување 2026-2030“, со конкретна формулација и со рок до мај 2030 година. Секако, тоа не мора да значи дека Софија на овој начин си поставува рок дотогаш да го „реши македонското прашање“, но дефинитивно значи дека односите со Скопје се формализирани како една од задачите што актуелната бугарска власт планира да ги следи практично до ...