Скопското обвинителство поведе истрага и предложи притвор за 18-годишникот кој вчера со автомобил удри во 79-годишна жена во Скопје, која почина по повредите. По момчето, кое е во бегство, ќе биде распишана и меѓународна потерница. Приведени се две лица, маж и жена, кои со автомобил го пренеле момчето преку граничниот премин Табановце. Обвинителството соопшти детали за тешката сообраќајна несреќа. Скопското обвинителство поведе истрага и ...

Избега од Македонија возачот кој вчера кај ТЦ Беверли Хилс прегази жена која почина од повредите. Возачот со иницијали С.С има 18 години и нема возачка дозвола. Заедно со неговиот 45 годишен татко уште вчера ја напуштиле државата. Жената ја прегазил со пасатот на неговиот татко, но избегале од Македонија со друг автомобил мерцедес. Полицијата трагајќи по возилото, уапси две лица кои им помогнале да избегаат. Преку камерите на „Безбеден град“ ...