Анкара, 23 март 2026 (МИА) – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан вчера телефонски разговарал со колегите од Египет и Иран, како и со претставници на САД и Европска Унија за завршување на војната против Иран. Како што соопшти турското Министерство за надворешни работи, Фидан имал одделни телефонски разговори со иранскиот и египетскиот министер Абас Арагчи и Бадар Абделати, Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, ...
Иран преку неформални канали ѝ сигнализирал на администрацијата на Доналд Трамп дека би претпочитал да води разговори со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, наместо со други високи претставници, објави „Си-eн-eн“, повикувајќи се на регионални извори. Според извештајот, иранските претставници изразиле неподготвеност повторно да соработуваат со специјалниот пратеник Стив Виткоф и советникот Џаред Кушнер, наведувајќи „недостаток на доверба“ ...

