Најавен како големо засилување за стручниот штаб на Вардар и тренерот Кристијан Фабијани, Густаво Лопез издржа неполни два месеци како асистент-тренер во таборот на „црвено-црните“. Лопез ги спакува куферите и замина за Аргентина, со што му кажа „збогум“ на Вардар и Фабијани, само неколку дена по европското фијаско и експресната елиминација на македонскиот првак од европските настапи. Дали вината е кај Густаво Лопез, поранешен играч на ...

Стручниот штаб на ФК Вардар има ново име во своите редови. Нов асистент во тимот на тренерот Кристијан Фабијани е нашиот екс-фудбалер и досегашен предводник на кадетскиот состав на „црвено-црните“, Христијан Кировски. Кировски доаѓа во првиот тим по заминувањето на асистентот Густаво Лопез, кој беше дел од Вардар во изминатите два месеци. Популарниот „Џери“ оствари голем успех со кадетскиот тим, со кој го освои трофејот во Купот во изминатата ...