Ракометарите на Охрид ги продолжуваат подготовките за новиот предизвик во плеј-офот од Супер Лигата, а во осмото коло на домашен терен ќе го пречекаат составот на Вардар 1961. Натпреварот ќе се одигра во сабота во салата „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот, а охриѓани посакуваат позитивен резултат по поразот во финалето на Купот. Во пресрет на дуелот, своите очекувања ги сподели ракометарот на Охрид, Косуке Јасухира, кој истакна дека ...

Ракометарите на Охрид му го нанесоа првиот плеј-оф пораз на Вардар 1961 (26-24) во Суперлигата на Македонија. Екипата која веќе ја обезбеди титулата и математички не успеа да слави против мотивираниот противник кому бодовите му беа многу поважни. По голема борба на крајот тимот на Борис Ројевиќ победи и направи важен чекор во борбата за второто место. Комплетниот натпревар меѓу ГРК Охрид и Вардар 1961: Натпреварот во „Билјанини извори“ тргна ...

Ракометарите на ГРК Охрид приредија големо изненадување во плеј-офот од македонската Суперлига, откако на домашен терен славеа против шампионот РК Вардар 1961 со 26:24 и направија огромен чекор кон освојување на второто место на табелата. Во салата „Билјанини Извори“ се водеше голема битка од првата до последната минута, а охриѓани успеаја да му го нанесат првиот пораз на Вардар во плеј-оф фазата. Домашниот состав подобро го отвори ...