Лидерот Борец стигна до уште една моќна победа откако на домашен терен со 8:0 го декласираше Ултрас во меч од 19. коло на Трета лига – Југ. Миловановиќ имаше четири гола, а по еден Имеров, Ташески, Мирчески и Стефановски. Трите бодови останаа во Долни Дисан откако Венец со 6:1 го совлада Млекар. Ристовски и Цветков беа двојни стрелци, а по еднаш погодија Илов и Мицев. За гостинскиот тим Пејоски постигна гол во 79. минута. Башкими од ...

Со пет натпревари денеска беше одиграно 19. коло во Третата лига – Југ, кое донесе ефикасен фудбал и дури 23 постигнати голови. Лидерот Борец 1919 продолжува со доминацијата и на домашен терен го совлада Ултрас со убедливи 8:0, потврдувајќи дека е главен фаворит за титулата. Тимот од Велес сигурно чекори кон првото место со само еден пораз оваа сезона и импресивна гол-разлика. Вториот на табелата, Превалец, славеше на гостувањето кај Росоман ...