По околу пет години застој, одложувања и нерешени административни пречки околу експропријацијата на објекти, конечно започнуваат да се придвижуваат работите и да се отвора патот кон реализација и целосно пуштање на употреба на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба. Ова следи откако градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вчера информираше дека се завршени сите процеси на експропријација на ...

Иако голем дел од експропријацијата е веќе завршен, дел од имотите во Ќерамидница сè уште се предмет на судска постапка, што го одложува целосното отворање на мостот. Од Град Скопје најавуваат дека доколку се надминат останатите правни пречки, во наредните два месеци ќе почне неговото ставање во функција. Сепак, конечната динамика ќе зависи од судското утврдување на обесштетувањето за сопствениците. Паралелно се очекува и придвижување на ...