Aвтомобили, контејнери и ѓубре денеска пловеа низ населбата Карпош во Битола, по дефект на водоводната мрежа. На улиците се формираше вистинско езеро, а шлеп служба извлекуваше возило. Од ЈП „Водовод“ – Битола информираат дека поради хаваријата има прекин на водоснабдувањето кај корисниците од населбата Карпош и дека водата ќе биде пуштена откако ќе заврши санацијата. Ова е втор поголем дефект на водоводната мрежа во Битола за само два дена. ...
Коли и контејнери пловат во Карпош, втора водоводна хаварија за два дена во Битола. Патничко возило заглавено во „езеро“, контејнер плови, шлеп служба се обидува да го извлече автомобилот. Ваква е сликата во моментов во населбата Карпош во Битола на преминот кон населбата Кланица. На оваа локација често се собира вода, особено за време на врнежливи периоди. Јавното претпријатие Водовод Битола објави дека поради дефект на водоводната мрежа, со ...

