Соединетите Американски Држави и Швајцарија постигнаа трговски договор, изјави за „СНБС“ американскиот трговски претставник Џејмисон Грир. Царините ќе бидат намалени на 15 отсто, соопшти швајцарската влада на мрежата X, пренесува „Сибиз“. Како дел од договорот, швајцарските компании се обврзаа да инвестираат околу 200 милијарди долари во САД до крајот на 2028 година, што вклучува финансирање на образование и обука, се наведува во соопштението ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека вчерашните дискусии со Украинците биле најпродуктивни досега. Во заедничка изјава преговарачите објавија дека остануваат спорни точки, за кои се надеваат дека ќе бидат надминати што е можно побрзо. Рубио забележа дека би сакал да има договор до четврток – Денот на благодарноста, но додаде дека тој рок „не е врежан во камен“. Американската делегација прифатила некои измени во планот, по ...

