Ракометарите на Пелистер забележаа нова победа во плеј-аутот од домашниот шампионат откако вечерва во дербито славеа на домашен терен против Пелистер 2 со 29-26 во меч од 5. коло од плеј-аутот од Суперлигата. Домаќините беа за нијанса подобар противник и во првото и во второто полувреме што беше доволно за конечен триумф од три гола разлика. Димитар Димитриоски со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Славчо ...

Кошаркарите на Гостивар со победа од 76:74 синоќа на домашен терен славеа над Феникс 2010 со што го затворија регуларниот дел од сезоната во македонската Суперлига. Натпреварот беше решен во драматична завршница, по 40:34 резултат со кој се замина на полувремето. И покрај победата, гостиварскиот тим регуларната сезона ја заврши на 11. место со 6 победи и 16 порази, немајќи капацитет да ја избегне плеј-аут фазата. Во плеј-офот се пласираа ...