Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека почетокот на биометриската евиденција за влез во Шенген зоната (ЕЕС систем), наместо во април, се одложува за септември оваа година. Ова е договорено на состанокот на високата владина делегација, во која покрај Николоски беа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, со претставници на Европската Комисија. ...
Биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од/во земјите од Шенген зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година, а во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Решавање на предизвиците со кои ...

